НОРА - Невладина организација на пациенти со ревматоиден артритис и други ревматски заболувања


Во соработка со МААР,  оваа година е формирана и првата невладина организација на пациенти со  ревматоиден артритис и други ревматски заболувања, која се грижи за правата и  потребите на пациентите со ревматски заболувања во Републиката.

Таа соработува со  пациентите со ревматски болести и работи на подигање на националната свест и  информираност за проблемите на луѓето со овие заболувања. Организацијата се  бори за подобрување на законските олеснувања на пациентите со хендикеп, како и  за полесен пристап до најновите и најсоодветни третмани за овие болести.

НОРА има цел да го  олесни достапот на пациентите до информации за нивната болест и начините на  нејзиното лекување, во облик и форма достапна и за медицински не образувана  публика.

Адреси за контакт е:
НОРА - Македонија

(Невладина организација  на пациенти со ревматоиден артритис и други ревматски заболувања)

E-mail: org.nora@gmail.com

www.noramk.org

Претседател:

Чичиќ Драган
Тел: + 389 75 724 359
chichic@gmail.com