Историјат
Здружението на ревматолозите на Република Македонија е формирано 1975 година, најпрво како Ревматолошка секција која функционирала во рамките на Македонското лекарско друштво (МЛД).
После осамостојувањето на нашата држава - Република Македонија, формирана е Македонска ревматолошка асоцијација, која под името МААР (Macedonian Associationagainst Rheumatism) е примена во Европската лига за борба против ревматизмот (European League against Rheumatism - EULAR). Со оваа поврзаност, здружението добива нов подстрек за развој и унапредување на ревматологијата во Македонија, полесен достап до најновите информации и поголема поврзаност со Европските здруженија и научните и здравствени работници кои делуваат на полето на ревматологијата во Европа и во светот.
Во 2007 година, Здружението прераснува во самостојна невладина организација со полна одговорност, која спроведува дејности и активности за подобрување на здравствената дејност и медицинската практика во областа на ревматологијата на ниво на Република Македонија.
Претседатели на МААР
Од 1975 година на чело на Македонската ревматолошка асоцијација биле повеќе истакнати ревматолози од Републиката.
- Прв претседател, од 1975 до 1980 година била Проф. д-р Богиња Гучева
- Од 1980 до 1988 год. претседател бил Проф. д-р Љубомир Чапароски
- Од 1988 до 1999 год. претседател бил Проф. д-р Александар Пушевски
- Од 1999 до 2007 година претседател бил Проф. д-р Јордан Чаловски
- Актуелен претседател од 2007 година е Проф. д-р Снежана Мишевска – Перчинкова