Цели и задачи на МААР
МААР е организација која ги претставува лекарите (интернисти, ревматолози, физијатри, педијатри, балнеолози, ортопеди, специјалисти по општа медицина и општи лекари) кои работат на полето на ревматологијата, како и другите здравствени и социјални работници кои се бават со овие здравствени проблеми.
МААР ги претставува пациентите со ревматски заболувања и има цел и задача да ги подобрува условите за третман, превенцијата и рехабилитација на овие заболувања.
Една од најважните дејности на Здружението е да ја стимулира и унапредува и научно – истражувачката работа во оваа област, како и свеста и информираноста на пациентите, лекарите и јавноста за проблемите што ги носат ревматските заболувања.