Што е МААР


МААР е  организација на лекарите, пациентите и другите здравствени и социјални работници  во Република Македонија кои се бават со проблемите на ревматските заболувања.

Седиштето на МААР  е во Скопје. Здружението се организира и делува на подрачјето на Република  Македонија.

Органи на  управување на Македонската ревматолошка асоцијација се  Собрание   и Управен одбор. Од нивните редови се избираат Претседател,  Подпретседател, Секретар и Благајник на Здружението.

Во рамките на Македонската  ревматолошка асоцијација функционира и Невладина организација на пациенти со  ревматоиден артритис и други ревматски заболувања – НОРА.