Структурна организација на МААР


Органи на  управување на Македонската ревматолошка асоцијација . се  Собрание   и Управен одбор.

Собранието на  Македонската ревматолошка асоцијација го сочинуваат сите членови на  Здружението.

Собранието на  Македонската ревматолошка асоцијација од редовите на своите членови  на редовни или вонредни собранија избира  Управен одбор, претседател, подпретседател, секретар и благајник.

Управниот одбор  на Македонската ревматолошка асоцијација е извршен орган на Собранието, во кој  секој член има еднакви права, обврски и одговорности за работењето и развојот  за Здружението. Управниот одбор брои седум члена. Претседателот,  потпретседателот, благајникот и секретарот се по својата функција редовни  членови на Управниот одбор на Здружението.Македонската ревматолошка асоцијација ја претставува и застапува  претседателот.