Добредојдовте во МААР


Македонската  равматолошка асоцијација - MAAR е организација која ги здружува и претставува  лекарите и другите здравствени работници во Македонија кои се бават со  проблемите на ревматските заболувања, системските болести на сврзното ткиво и  ревматските болести на локомоторниот и мускуло-скелетниот апарат.

Главна цел на  оваа организација е да се грижи за унапредување на превенцијата, лекувањето и  рехабилитацијата на ревматските болести, како и да ја стимулира, промовира и  поддржува научно истражувачката работа   во оваа област.

МААР им  дава поддршка на луѓето  со ревматизам, се грижи за подигање на јавната информираност и свест  за ревматските болести, се бори за  проширување и подобрување  на законските  права на луѓето со ревматизам  и работи  на  подобра  достапност до   најновите и најсоодветни третмани за овие болести.