Добредојдовте во МААР
Македонската равматолошка асоцијација - MAAR е организација која ги здружува и претставува лекарите и другите здравствени работници во Македонија кои се бават со проблемите на ревматските заболувања, системските болести на сврзното ткиво и ревматските болести на локомоторниот и мускуло-скелетниот апарат.
Главна цел на оваа организација е да се грижи за унапредување на превенцијата, лекувањето и рехабилитацијата на ревматските болести, како и да ја стимулира, промовира и поддржува научно истражувачката работа во оваа област.
МААР им дава поддршка на луѓето со ревматизам, се грижи за подигање на јавната информираност и свест за ревматските болести, се бори за проширување и подобрување на законските права на луѓето со ревматизам и работи на подобра достапност до најновите и најсоодветни третмани за овие болести.